Дома Фудбал Останато После спорниот гол, Партизан се одлучи за радикални мерки!

После спорниот гол, Партизан се одлучи за радикални мерки!

Сомнителниот гол на Црвена Звезда во големото градско дерби предизвика големи полемики во јавноста, но и ги натера челниците на Партизан да преземат радикални мерки пред гостувањето со Раднички во Ниш.

Имено, „црно-белите“ се одлучија на гостувањето во Ниш да донесат оперативци со камери, а како што пренесуваат српските медиуми нивната задача ќе биде да го снимаат мечот, а особено главниот и помишните судии. Па така во случај да се повторат спорните ситуации, клубот ќе ги има неопходните докази.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Причина за ваквиот потег на Партизан е секако незадоволството од судењето во последните неколку меча и сметаат дека судиите во Ниш можат да делуваат на резултатот со своите одлуки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шчезни пушеше цигари во соблекувална, реакцијата на Јамал е вистински хит (Видео)

Големо славје во соблекувалната на Барселона по победата над Реал (3:2) со што го освоија …