Огнен Врањеш повеќе не е член на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, одлучи селекторот Роберт Просинечки.
Врањеш веќе неколку години е на удар на навивачите на босанската репрезентација, а капката која ја прели чашата сигурно беше скандалот со поп-ѕвездата Јелена Карлеуша.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сам себе се дисквалификуваше од репрезентацијата. Репрезентативец на една земја како што е БиХ мора да се докажува на терен и надвор од него. Жал ми е, но така е. И Федерацијата реагираше и ги осуди неговите постапки пред извесно време. Врањеш влезе во расправија со навивачите, тетоважи, афери…“, изјави Просинечки.
Неодамна Врањеш влезе во расправија со навивачите поради националистички тетоважи, а потоа имаше скандал со Карлеуша.
Инаку Врањеш за репрезентацијата на Босна и Херцеговина дебитираше во 2010 година и до сега има 39 настапи.