Дома Фудбал Се појави видео на кое Просинечки со дриблинг си поигрува со Марадона

Се појави видео на кое Просинечки со дриблинг си поигрува со Марадона

Легендарниот Роберт Просинечки е еден од ретките фудбалери кои можат да се пофалат дека играле за Реал Мадрид и Барселона.

Просинечки сигурно најдобрите денови ги помина во Црвена Звезда со која во 1991 година стана европски шампион со генерацијата во која играа Македонците Дарко Панчев и Илија Најдоски. Потоа направи трансфер во Реал Мадрид, таму се задржа четири години, а потоа премине во Барселона.

Подоцна одигра уште една сезона во Севиња, па се врати во Хрватска. За каков играч се работи најдобро зборува ова постаро видео кое започна да се врти на социјалните мрежи. На видеото може да се види како Просинечки со фантастичен дриблинг го остава зад себе Марадона.

Тогаш Просинечки играше за Реал, а Марадона беше член на Севиља.,

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Таре отворено за Леао: Фудбалот веќе не му беше приоритет

Поранешниот директор на Милан проговори за односот на Рафаел Леао кон фудбалот и откри зош…