Дома Фудбал Репрезентации За наводните преговори со Македонија се огласи и Просинечки

За наводните преговори со Македонија се огласи и Просинечки

Вчера во македонската јавност како „бомба“ одекна веста која ја пласираше српски „Курир“ дека Роберт Просинечки многу брзо ќе биде промовиран во нов селектор на Македонија.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


По веста следуваше и демант од ФФМ, а сега се огласи и Просинечки кој потврди дека првпат слуша дека тој преговарал со Македонија.

„Искрено, првпат слушам од вас, ниту некој ме контактирал, ниту пак сум прочитал. Не сум разговарал со никого од Фудбалската Федерација на Македонија. Откако се вратив од Турција дома сум во Загреб и нема други новости“, изјави Просинечки за хрватските медиуми.

Инаку, македонската јавност очекува на Игор Ангеловски да му биде продолжен договорот и се друго би било огромно изненадување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Ниту Барселона, ниту Јунајтед: Еве каде Рашфорд може да игра следната сезона!

Маркус Рашфорд моментално игра за Барселона како позајмен играч од Манчестер Јунајтед и им…