Дома Македонски спорт Мак ракомет После Рејкавик, драма гледавме и во Скопјe, Исланд ни „извлече жива глава“

После Рејкавик, драма гледавме и во Скопјe, Исланд ни „извлече жива глава“

Репрезентацијата на Македонија одигра уште еден трилер натпревар против селекцијата на Исланд, но овој пат моравме да се задоволиме со бод.

Македонија започна послабо како и во Рејкавик, но на половина од полувремето успеавме да поведеме со 8:7, а веќе после дваесетина минути игра имавме два гола предност (10:8). Потоа следуваше еден прилично долг лош период за нас во кој десет минути не постигнавме ниту еден гол. Исланд на полувреме замина со предност од 10:11.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


На почеток од вториот дел Исланд продолжи со добрата игра и за прв пат во овој натпревар имаше плус три гола предност (12:15).

Потоа ние започнавме полека да се враќаме за на 15 минути до крајот специјалистот за одбрана Велко Маркоски да постигне гол за намалување на 17:18, потоа следуваа два гола на капитенот на Кире Лазаров за наше водство од 19:18.

Во завршните пет минути се влезе со резултат 22:22, потоа беше и 23:23. Манасков реализираше контра за да поведеме со 24:23. Исланд успеа да се извлече и да изедначи на само три секунди до крајот.

Трите секунди не беа доволно време, постигнавме гол но откако секундите истекоа, па мораше да се задоволиме со бод. Сепак и ова реми ни оди во прилог за првото место во групата и пласман на Европското првенство во 2020 година.

Најефикасен кај нас беше Лазаров со осум гола, Манасков додаде четири, додека Борко Ристовски одбрани 12 удари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Официјално: Гвардиола стави потпис

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда, Пеп Гвардиола стави …