Дома Фудбал Останато После објавата дека Меси преговара со ПСЖ, се огласи неговиот татко

После објавата дека Меси преговара со ПСЖ, се огласи неговиот татко

Лионел Меси ова лето беше блиску до преселба во Манчестер Сити, но Барселона бараше да биде исплатена откупната клаузула, па Аргентинецот остана на „Камп Ноу“.

Поради тоа Меси мораше да остане во Барселона, но бидејќи неговиот договор завршува следното лето, се шпекулира дека ова ќе му биде последна сезона во Каталонија.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Еминентниот „ЕСПН“ денес објави дека таткото на Меси, Хорхе веќе започнал преговори со ПСЖ и дека двете страни се блиску до договор (ОВДЕ).

Меѓутоа, Хорхе Меси веднаш се огласи на социјалните мрежи и категорично демантираше дека тоа се лажни вести.

„Престанете да измислувате работи“, порача таткото на Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Спалети во репрезентацијата на Италија го повика синот на Малдини

Синот на Паоло Малдини доби повик во репрезентацијата на Италија од селекторот Лучано Спал…