Дома Фудбал После две децении: Спортинг е првак на Португалија!

После две децении: Спортинг е првак на Португалија!

Екипата на Спортинг го прекина постот од две децении.

Тимот од Лисабон синоќа ја освои 19. титула во Португалија, прва после 2002. година.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Во натпревар од 32. коло, Лавовите ја победија Боависта со 1:0 и со тоа му се одлепија на Порто со недостижни осум бода на две кола пред крајот.

Јунак на Спортинг беше Паулињо кој со погодок во 36. минута му донесе победа на својот клуб.

Покрај Спортинг во Лига на шампиони ќе играат Порто и Бенфика, додека Брага ќе настапува во Лига Европа.

Лигата скоро сигурно ќе ја напушти Национал, додека Рио Аве, Боависта и Фаренсе ќе водат грчевита борба за опстанок во последните две кола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Спалети ја менува формацијата и го враќа Влаховиќ на клупата?

Лучано Спалети денес официјално ќе биде претставен како нов тренер на Јувентус, а веќе се …