Дома Фудбал Останато После две години конечно Нејмар и Барселона се договориле

После две години конечно Нејмар и Барселона се договориле

Нејмар летото 2017 година ги изненади сите со одлуката да ја напушти Барселона и да премине во ПСЖ.

ПСЖ одлучи да ја активира откупната клазула на бразилскиот играч и да го доведе на „Паркот на принцовите“ за неверојатни 222 милиони евра. Навивачите на Барселона очекуваа Нејмар да ја одбие оваа понуда, но тоа не се случи.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Нејмар тогаш неколку недели пред трансферот се договорил со ПСЖ иако се уште на сила бил договорот со Барселона. Една од клазулите била Барселона да му плати околу 22 милиони евра ако остане до крајот на договорот.

Барселона одби да ја исплати таа сума, па Бразилецот ги тужеше.

Конфликтот помеѓу Нејмар и тогашната управа на Барселона траеше две години, но изгледа дека тоа ќе се промени откако Лапорта беше избран за нов претседател./

Имено, шпанските медиуми објавија дека Лапорта е спремен да го реши проблемот со Нејмар околу парите кои тој ги бара.

Сега шпанските медиуми пренесуваат дека Барселона и Нејмар постигнале договор кој ги задоволува двете страни, не е објавено за каков договор станува збор. Барселона и Нејмар така ги избегнаа судиските формалности.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Премиерот на Обединетото Кралство го повика Абрамович да ги ослободи парите од продажбата на Челси, за да бидат донирани на Украина.

Премиерот на Обединетото Кралство, сер Кир Стармер, го предупреди Роман Абрамович дека „вр…