Уште минатото лето се шпекулираше дека ПСЖ во своите реводи сака да го доведе Поруталецот Рафаел Гереиро, за да ја засили позицијата лев бек.
ПСЖ не успеа летово да го обезбеди трансферот на Гереиро, но се веруваше дека Парижаните не се откажаа од одличниот фудбалер на Борусија Дортмунд. Особено високо мислење за Гереиро има Тухел кое своевремено и соработуваше со него во Дортмунд, па се претпоставуваше дека ПСЖ во јануари или следното лето повторно ќе се обиде да го доведе Португалецот во своите редови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, денеска стана јасно дека ПСЖ тешко дека ќе ја исполни оваа желба во блиска иднина. Гереиро одлучи да остане во Дортмунд, го продолжи договорот до 2023. година и сега веројатно ПСЖ нема да може да го доведе, без оглед на богатството на сопственикот на францускиот клуб.
За сега не е познато кого ПСЖ би можел да доведе како алтернатива за Гереиро, но денеска се појавија информации дека Парижаните се спремни да се вклучат во битка со Јувентус за трансферот на играчот на Бреша, Сандро Тонали.
? #RAPHA2023 ?@RaphGuerreiro
— Borussia Dortmund (@BVB) October 17, 2019
hat seinen Vertrag beim #BVB vorzeitig bis 2023 verlängert! ?
? #Zorc: „Raphael ist ein international erfahrener und technisch erstklassiger Fußballer.“ pic.twitter.com/9A3dpBZWhS