Македонската репрезентација утре го игра финалниот бараж натпревар за Светското првенство, а противник ќе ни биде селекцијата на Португалија.
Ждрепката сакаше Македонија да оди по најтешкиот пат во баражот, а откако ја фрливме на колена Италија, пред нас Португалија предводена од Кристијано Роналдо. На сето тоа немавме среќа да играме барем пред домашната публика, коцките сакаа Порто да биде последната пречка за пласман во Катар.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Градот изобилува со прекрасна архитектура, а ние се надеваме дека ќе го паметиме по добро…Поради далечината веројатно нема да биде обоен во црвено-жолто, но секако дека најголем дел од Македонците денес и утре ќе бидат со мислите токму тука.
Фото: Димитар Петковски: