Дома Фудбал Останато Поранешниот фудбалер на Ливерпул направи скандал во Германија: Одбил да патува со тимот затоа што не бил стартер

Поранешниот фудбалер на Ливерпул направи скандал во Германија: Одбил да патува со тимот затоа што не бил стартер

Германскиот фудбалски клуб Вердер денеска соопшти дека играчот од средниот ред Наби Кеита не отпатувал на дуелот против Баер Леверкузен во Бундеслигата само затоа што немало да биде стартер.

Вердер најави дека Кеита ќе се соочи со последици поради одбивањето да патува со тимот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Откако Наби вчера дозна дека нема да игра од самиот почеток, реши да се врати дома. Утре ќе разговараме со него и неговите агенти за последиците и како понатаму“, изјави спортскиот директор на Вердер, Клеменс Фриц.

Кеита минатата година пристигна во Вердер Бремен од Ливерпул, но поради честите повреди одигра само пет натпревари.

Леверкузен го победи Вердер 5:0 и со тоа ја обезбеди титулата германски шампион, прва во својата клупска историја долга 119 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Антони: Само јас знам колку тешко ми беше во Манчестер Јунајтед

Бразилскиот офанзивец Антони во 2022 година пристигна во Манчестер јунајтед како едно од н…