Дома Фудбал Останато Поранешниот соиграч на Роналдо: „За некои работи му се смеевме на Роналдо, но денес…“

Поранешниот соиграч на Роналдо: „За некои работи му се смеевме на Роналдо, но денес…“

Во периодот од 2003. до 2009. година, Кристиано Роналдо настапуваше за Манчестер Јунајтед, а малкумина знаат дека неговите први тренинзи биле испратени со исмејување од тогашните клупски колеги.

Поранешниот фудбалер на овој клуб, Дарен Флетчер опиша некои ситуации од тренинзите на Јунајтед и откри дека Роналдо понекогаш бил предмет на исмејување меѓу останатите фудбалери.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Беше одлучен да стане најдобриот фудбалер во светот од моментот кога дојде во клубот. Навистина беше посветен, тоа не може да му се оспори. Ги подигна тренинзите на едно осема ново ниво, а на почетокот луѓето се восхитуваа на него и го почитуваа. Меѓутоа, со текот на времето некои работи кои ги правеше станаа смешни, па имаше ситуации во кои ставаше тегови на нозете за да стане побрз. Ние тоа го гледавме и му се смеевме, но тој не се грижеше за тоа. Затоа на крајот го заработи почитувањето од сите“, откри Флетчер.

Од тогаш, па се до денес, Кристиано Роналдо освои пет Златни топки и кој знае колку уште клупски, репрезентативни и индивидуални трофеи.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Јувентус плаќа 41 милион евра на тројца тренери

Колку е далеку Јувентус од некогашниот сјај, најдобро покажуваат деловните потези при селе…