Димитар Бербатов пред неколку дена соопшти дека оди во пензија, а уште еден член од тогашниот тим на Манчестер Јунајтед одлучи да оди по неговите стапки.
Имено, копачките на клин ги закачи и бразилскиот фудбалер Андерсон кој најмногу го паметиме по игрите во Манчестер Јунајтед. Сер Алекс Фергусон го доведе летото 2007. година од Порто, иако многумина веруваа дека не е доволно добар за „Црвените ѓаволи“. Но, Андерсон во Јунајтед играше дури седум години и успеа да дојде до титулата шампион на Европа. Во Јунајтед стигна кога имаше само 19 години и од него многу се очекуваше.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, Бразилецот никогаш целосно не ги исполни очекувањата и 2014. година го напушти „Олд Трафорд“. Претходната сезона играше за турскиот второлигаш Адана Демиспор, а сега одлучи да ја заврши карерата. Иако Андерсон има само 31 година донесе одлука дека ќе се пензионира и во Адана ќе добие некоја функција во клубот што потврди претседателот на овој тим.
Андерсон во Јунајтед одигра 181 натпревар и клубот во 2007. година го плати на Порто 30 милиони евра.