Дома Фудбал Останато Поранешниот Каталонец: Нејмар за „Златната топка“ повеќе шанси имаше во Барселона

Поранешниот Каталонец: Нејмар за „Златната топка“ повеќе шанси имаше во Барселона

Поранешниот репрезентативец на Бразил и играч на Барселона, Едмилсон смета дека неговиот сонародник направил грешка кога се преселил од Барселона во Пари Сен Жермен.

Нејмар минатата година стана најскапиот фудбалер на сите времиња кога потпиша со ПСЖ, меѓутоа тоа сигурно не му гарантира дека таму ќе ја освои „Златната топка“.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Според мое мислење тоа беше грешка бидејќи пред него беше Светското првенство и ако сакаше да биде број 1, многу побрзо тоа би го постигнал во Барселона отколку ПСЖ, со сета почит кон Французите“.

„Во Париз му е потешко бидејќи ПСЖ две или три класи пред останатите клубови во Лига 1. Не е дека нивните противници се толку лоши, но ПСЖ има многу посилен тим во однос на останатите“, смета Едмилсон.

Бразилецот имаше коментар и за фудбалерот кој беше доведен како замена за Нејмар, но не се снајде во Каталонија, Осман Дембеле.

„Можеби му е тешко да се прилагоди на животот на вистински фудбалери, но се надевам дека ќе ја искористи шансата која му се пружи“, заврши Едмилсон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Њукасл донесе страшно засилување од 64 милиони

Офанзивецот на Нотингем Форест, Ентони Еланга, е новиот фудбалер на Њукасл. Оваа вест вече…