Дома Фудбал Останато Поранешниот играч на Милан со неверојатни тврдења: Мафијата ме избрка, докторите лажеа дека сум повреден

Поранешниот играч на Милан со неверојатни тврдења: Мафијата ме избрка, докторите лажеа дека сум повреден

Поранешниот фудбалер на Милан Тарибо Вест изнесе неверојатни работи во јавноста. Вест откри дека тој од Милан си заминал поради мафијата.

Легендарниот фудбалер кој играше како лев бек направи трансфер од Интер во Милан во 1999 година за после само една сезона да биде испратен на позајмица во Англија во тимот на Дерби Каунти. Во 2001 година клубот го продаде на Кајзерслаутен.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во својата кариера тој за Милан настапи само на четири натпревари и сега тврди дека тоа е поради мафијата која не сакала некој Африканец да има предност пред домашните фудбалери.

„Мафијата ме избрка од Милан, правеа се што можеа за да заминам. Низ медиумите се пишуваше дека сум повреден и дека за тоа не играм. Но, сето тоа беше само лага, докторите беа подмитени да лажат дека сум повреден. Не сакаа да дозволат еден африкански фудбалер да го земе местото на некои домашни фудбалери иако тие веќе беа при крајот на кариерата“, отворено изјави Вест.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Потврдено: Дејвид Мојс заминува од Вест Хем

Од редовите на Вест Хем пристигна и официјална потврда за тренерската смена на крајот од с…