Роналдињо пред неколку дена го напушти парагвајскиот затвор во кој помина еден месец. Платената кауција му овозможи на Роналдињо и неговиот брат судењето да го чекаат од домашен пртивор во хотел во Парагвај.
Легендарниот бразилски фудбалер со неговиот брат беше обвинет за намерно лажирање документи со цел да влезат во Парагвај.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
На оваа тема сега се освети поранешниот играч на Барселона Хорхе Валдано.
„Роналдињо беше затворен пред неколку недели. Видете, ако просечното ниво на криминал во светот беше како она на Роналдињо тогаш сите ќе бевме во затвор. Едно е да бидете глупав како што го опиша неговиот аддвокат, а друго да бидете деликвент. Роналдињо ова второто сигурно не е. Од многу примери на други Бразилци сме виделе дека за нив животот е забава, а фудбалот е игра преку која го искажуваат задоволството. Единствено место каде што Роналдињо беше „проблематичен“ беше на фудбалскиот терен. Таму патеа тие кои му беа противнции“, објасни Валдано во колумната за „Ел Паис“.
Колумната го носи името „Оставете го Роналдињо на мир“.