Дома Топ вести Како Дренте и Бабел ги прекршиле наредбите на Реал и Ливерпул, па потплатиле новинар на „Марка“

Како Дренте и Бабел ги прекршиле наредбите на Реал и Ливерпул, па потплатиле новинар на „Марка“

Холандскиот фудбалер Ројсон Дренте некогаш беше голема надеж на Реал Мадрид, но на крајот остана запаметен како едно од најголемите промашувања на „кралевите“.

Дренте во Реал пристигна летото 2007 година од Фејенорд кога имаше само 20 години. Тој играше фантастично во дресот на Холандија на Европското првенство за играчи до 21 година, а Реал Мадрид одлучи да го купи затоа што му се предвидуваше голема кариера.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Меѓутоа Дренте никогаш не ги оправда очекувањата на „Сантијаго Бернабеу“, а клубот го напушти во 2012 година. Дренте дури имаше и пауза во кариерата, но на фудбалот му се врати минатата година кога потпиша за аматерскиот клуб од Холандија Козакен Бојс.

Интересна приказна утрово објави „Марка“ која одлучи после 11 години да го објави она што го криеле на молба на Дренте. Имено, тогаш тој беше член на Реал Мадрид и со „кралевите“ го очекуваше натпревар во Лигата на шампионите против Ливерпул.

Клубот на сите играчи им забранил било каков контакт со противничките играчи, но Дренте тоа не го почитувал. Тој бил добар пријател со Рајан Бабел кој во тоа време играше за Ливерпул и организирале дружење во Мадрид за кое никој не смеел да дознае.

Новинарот на „Марка“ случајно се нашол во студиото каде што Дренте и Бабел снимале песни. Тогаш тие од него барале да не објавуува. Од „Марка“ му излегле во пресрет, но 11 години подоцна одлучија да ги откријат. Не е потврдено, но многумина сметаат дека Дренте и Бабел за да не ја објавува веста на новинарот на „Марка“ му дале одредена сума на пари.

Дренте и Бабел се дружеле до раните утрински часови, а ниту Ливерпул, ниту Реал не дознаа за тоа нивно дружење. Бабел тогаш му открил на новинарот на „Марка“ дека Стивен Џерард нема да започне од првата минута затоа што е повреден и тоа се покажа како точно затоа што Џерард одигра само 12 минути во тој натпревар на „Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ѓоковиќ изненади со својата изјава до кога сака да игра

Новак Ѓоковиќ во последно време не игра во најдобра форма, но сепак српскиот тенисер не ра…