Дома Фудбал Останато Поранешен фудбалер и тренер на Партизан загина во сообраќајна несреќа

Поранешен фудбалер и тренер на Партизан загина во сообраќајна несреќа

Поранешниот фудбалер и тренер на белградски Партизан, Миоград Јешиќ загина претпладнево во сообраќајна несреќа што се случи меѓу Рума и Јарак во Србија.

Јешиќ ја почна сениорската кариера во редовите на „црно-белите“, каде што играше од 1980 до 1985 година, а потоа се пресели во Турција и настапуваше за Алтај и Трабзонспор, по што направи кам-бек во Партизан.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Тренерската кариера ја почна во нишки Раднички, а ги предводеше и ОФК Белград, Партизан, Сараево, Сфаксиен, Алтај, Славија Софија, Ал Араби, Јангон јунајтед. Беше и на клупата на Бордо во 16 натпревари во кои имаше скор од девет победи, два нерешени исхода и пет порази.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Навивачите на Реал му се потсмеваат на Гвардиола во Манчестер

Реал Мадрид успеа да го елиминира Манчестер Сити во осминафиналето на Лигата на шампионите…