Лионел Меси вчера Барселона ја доведе во водство со гол од пенал во 18-тата минута против Лион во натпревар кој на крајот Каталонците го добија со 5:1 и обезбедија место во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Пенал судијата Симон Марчинијак покажа после дуелот на дефанзивеот Џејсон Денајер и Луис Суарез, но поради технички проблем со ВАР технологијата истиот не можеше да биде прегледан.
Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Поради тоа судијата остана на својата одлука за најстрога казна. Лео Меси тоа го искористи и погоди за 1:0.
Меѓутоа поранешниот шпански судија Итуралде Гонзалез тврди дека пенал не постоел и дека Суарез направил прекршок во напад.
„За мене тоа не беше пенал. Суарез сакаше контакт со дефанзивецот. Му застана на нога и падна. Тоа е прекршок во напад“, истакна за „АС“ Итуралде Гонзалез.
После натпреварот на оваа тема зборуваше и Суарез.
„Мислам дека ненамерно го нагазив и тоа мене ме дестаблизираше, па паднав на тревникот“, истакна Суарез.
Полскиот судија одлучи да покаже на белата точка. Меси погоди и Барселона до крајот без поголеми проблеми ја заврши работата.
Барселона противникот во четвртфиналето каде што се уште Јувентус, Манчестер Јунајтед, Тотенхем, Порто, Ајакс, Ливерпул и Манчестер Сити ќе го дознае утре на ждрепката која е закажана за во 12:00 часот.
Интересно е што после подолго време во четвртфиналето ќе гледаме четири англиски екипи.
This one by luis Suarez doesn't look like a penalty though. pic.twitter.com/njw6MFcj7j
— MAVERICK (@Lewanjoski) March 13, 2019