Дома Фудбал Англија Поранешен играч на Манчестер Јунајтед денес работи како електричар!

Поранешен играч на Манчестер Јунајтед денес работи како електричар!

Алекс Фергусон ќе остане запаметен како најдобар и најтрофеен менаџер на Манчестер Јунајтед и човек кој веројатно до крајот на животот ќе биде бескрано ценет во овој град.

Од кога замина од кормилото на Јунајтед, кој го направи најуспешен англиски тим на сите времиња, престигнувајќи го Ливерпул по бројот на титули – на клубот не му цветаат рози.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Цели 27 години траеше неговиот мандат како менаџер на Манчестер Јунајтед, па и самиот се неоѓаше пред отказ неколку пати од 1992 година кога започна креирањето на Златната геренација на „црвените ѓаволи“ кои го направија овој тим да биде страв и трепет во фудбалскиот свет.

Генерацијата која ја предводеа Рајан Гигс, Пол Сколс, Дејвид Бекам, Ники Бат и браќата Невил е овековечена и во филм поради своите заслуги. Сите тие припаѓаат на генерацијата 1992 година, која таа година го освои ФА Купот што е почеток на создавање на тимот кој ќе го покори Островот и цела Европа.

Меѓутоа, не сите имаа успешен пат како споменатите шестмина. За време на „владеењето“ на Алекс Фергусон имаше и неколку промашувања, кои воопшто не успеаа во фудбалскиот свет.

Рафаел Бурке денес е тренер на младинците во Бристол Роверс, Колин Телфорд е шеф за образование на тренери во Ирска, Крис Каспер е менаџер на академија во Премиершип, но приказната на Лени Тејлор сигурно најинтересна.

Тој играше како стартер во таа 1992 година, според многумина клучна година за Јунајтед. Играше се до полуфиналето, а Ферги го примети на еден од припремните натпревари на млади фудбалери во камповите во Англија.

После само половина час на еден натпревар, Фергусон дошол до Тејлор кој тогаш бил ученик, без клуб. Играл на позиција десен бек или стопер по потреба, а по стилот на игра го споредуваа со Пол Паркер.

Тејлор никогаш не успеа да дојде до првиот тим на Манчестер, иако денес на полицата го има трофејот до ФА Куп за млади. Фергусон го повикал на состанок и изразил жалење што не може да го унапреди.

Тејлор потоа заминува во Порт Вејл, потоа во Валас. Пет години играше за аматерскиот тим Силухул Боро, а потоа ги закачи копачките на клин.

Денес работи како електричар!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…