Дома Фудбал Репрезентации Поранешен англиски репрезентативец ќе игра за Сиера Леоне

Поранешен англиски репрезентативец ќе игра за Сиера Леоне

Поранешниот дефанзивец на Ливерпул и Тотенхем Стивен Кокер ќе игра во Африканскиот куп на Нации со репрезентацијата на Сиера Леоне.

Сиера Леоне побара дозвола од ФИФА Кокер да игра за нив, иако фудбалерот ги помина сите англиски селекции. ФИФА му издаде дозвола.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Можеме да потврдиме дека ФИФА дозволи Кокер да настапува за Сиера Леоне“, изјави првиот човек на федерацијата Томас Брима.

Причината поради Кокер имаше право за настап за Сиера Леоне е што неговиот дедо е роден во оваа земја. Во минатото Кокер го носеше дресот на Кардиф, КПР, Данди, а последните две години ги помина во Турција. Прво беше дел од Аланија, потоа се пресели во Фенербахче, па во Газиантеп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Ова е причината поради која Чави реши да остане во Барселона

Чави и понатаму останува тренер на Барселона. Претходно оваа сезона Чави најави дека ќе го…