Дома Фудбал Германија Порака од Баерн до Левандовски: Има договор со нас и го очекуваме на тренинг!

Порака од Баерн до Левандовски: Има договор со нас и го очекуваме на тренинг!

Спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ изјави дека клубот не сака да ја отвори вратата за заминување на Роберт Левандовски, иако во баварскиот тим од Ливерпул пристигна напаѓачот Садио Мане. Левандовски од друга страна сака кариерата да ја продолжи во Барселона.

„Нашиот став по ова прашање е јасен, Левандовски има договор со нас до летото 2023 година“, изјави Салихамиџиќ за „Билд“.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Салихамиџиќ ја отфрли можноста да си замине дури и ако Барселона понуди значително поголема сума за полскиот голгетер.

„Не се занимавам со тоа. Го очекуваме Роберт на тренинг на 12 јули“, додаде спортскиот директор на Баерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Неодамна беше сопственик на гигант, сега банкротира

Основачот на Suning групацијата, Жанг Ѕиндунг, беше сопственик на Интер од 2018 до 2024 го…