Лионел Меси не може да се смета за најдобар фудбалер на сите времиња доколку не освои трофеј со репрезентацијата, процени Шпанецот Хозе Антонио Камачо.
Меси освои се што можеше да се освои со Барселона, пет пати беше наградуван со „Златната топка“ но во богатата кариера му недостасува трофеј со националниот тим.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Лео е многу добар играч, но не може да биде ниту најдобар во светот, а не пак во историјата ако нема трофеј со репрезентацијата. Со играчите кои доаѓаат од земји кои немаат фудбалска историја е поинаку, но Аргентина е репрезентација со огромна историја. Меси без некој поголем трофеј со Аргентина не може да биде најдобар“, процени поранешниот тренер на Реал Мадрид.
Ќе потсетиме Меси е суспендиран во наредните три месеци и не ќе може да настапува за Аргентина (поради навредите на Копа Америка).