Управата на француски ПСЖ ќе се обиде да го убеди Килијан Мбапе да потпише нов договор.
Одличниот 21 годишен напаѓач во овој момент заработува 15 милиони евра по сезона, а наскоро плата може да му биде и поголема.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Раководството на ПСЖ силно сака да го спречи Мбапе да го напушти клубот и да потпише за некој друг, засега најголем интерес за него покажа Реал Мадрид.
Во ПСЖ имале идеја да му ги изеднчат примањата со Нејмар на 37 милиони евра по сезона, но изгледа ќе мораат да издвојат поголема сума.
Според најновите информации од Франција ПСЖ за младата ѕвезда спремил договор вреден 250 милиони евра за пет сезона. Ова значи дека Мбапе би добивал 50 милиони евра по сезона што е огромна сума посебно ако се знае дека Французинот сега има 21 година.
Мбапе во ПСЖ пристигна во 2017 година од Монако за 180 милиони евра.