Дома Фудбал Останато Понуда која тешко се одбива: Компани станува тренер во Премиер лигата?

Понуда која тешко се одбива: Компани станува тренер во Премиер лигата?

Tренерот на Барнли каде што игра македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов наводно е на мета на Тотенхем.

Како што е познато, Антонио Конте би можел и официјално да добие отказ од Тотенхем во следните два дена, а сопственикот Даниел Леви веќе бара алтернативи.

Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска


Претходно во неколку наврати се споменуваа Маурисио Покетино, па дури и Томас Тухел, а сега во приказната одеднаш влезе и Компани.

На Белгиецот му оди одлично во Чемпионшип и неговиот Барнли е пред ваќање во Премиер лигата. Компани има големи амбиции, но засега не е познато дали е подготвен да го напушти Барнли по првата сезона. Сепак, понуда од Тотенхем би можела да биде примамлива опција.

Треба да се напомене и дека Пеп Гвардиола по средбата со Барнли викендот во ФА Купот изјави дека очекува Компани во иднина да стане менаџер на Манчестер Сити, а Тотенхем секако би бил голем чекор напред кон таквата цел. .

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Игор Ангеловски по пауза од две години има нов клуб1

По пауза подолга од две години, поранешниот селектор на Македонија, Игор Ангеловски, повто…