Дома Останати Ракомет ПОЛУВРЕМЕ: Вардар прими гол во последната секунда за +3 на Монпелје

ПОЛУВРЕМЕ: Вардар прими гол во последната секунда за +3 на Монпелје

Откако Кире Лазаров со Нант го победи ПСЖ и обезбеди место во големото финале на фајнал-фор турнирот во Келн, Македонија сега навива за актуелниот европски шампион Вардар!

Вардар со почеток од 18:00 часот го игра натпреварот против Монпелје во кој влезе како фаворит со оглед на тоа што францускиот клуб за прв пат игра на еден фајнал-фор турнир.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Натпреварот започна тврдо без многу погодоци, Монпелје на стартот стигна до водство и успеа да стигне и до +2, кога поведоа со 2:4. Од тој момент Вардар започна да игра нешто подобро набрзо го имаше и првото водство од 7:6, потоа следуваше повторно период на Французите кои стигнаа до предност од 8:10. Во тие моменти Вардар ја подобри играта во нападот, но проблем беше Штербик кој не беше на своето ниво.

Голманот на Вардар во 22 минута имаше само една интервенција.

На истекот на 25 минута Вардар доби огромна предност, Монпелје остана со два играчи помалку во поле, но сепак таа предност црвено-црните не ја искористија баш најдобро па резултатот по истекот на казната гласеше 11:12. Вардар играше добро, но Монпелје некако успеавше да ја одржи таа предност од два погодоци предност.

На полувреме се замина со резултат 11:14.

Најефикасен кај Вардар во првите 30 минути беше Чупиќ со четири погодоци, на спротивната страна Порте пет пати ја погодуваше мрежата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

На повидок шок во Битола: Алонсо може да замине!

Екипата на германски Лајпциг е во потрага по нов тренер по разделбата со Рунар Сигтригсон.…