Репрезентативецот на Полска Мачер Рибус нема да игра на Светското првенство во Катар за својата репрезентација затоа што одлучи да потпише договор со руската Спартак Москва.
Рибус кој игра како лев бек како слободен играч се договори со Спартак Москва. Откако соработката помеѓу двете страни беше официјализирана од Полската фудбалска федерација соопштија дека тој нема да биде во конкуренција за настап во Катар.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Причината за изоставувањето која се наведува во соопштението е актуелната состојба во клупскиот фудбал.
„Селекторот на полската репрезентација разговараше со Рибус по тренинг кампот кој заврши во неделата. Поради ситуацијата во клупскиот фудбал тој нема да добие повик во циклусот на натпревари во септември, а нема да оди ниту на Мундијалот во Катар“, објавија од федерацијата.
Очигледно селекторот на Полјаците смета дека Рибус поради малиот број натпревари нема да биде во полна натпреварувачка форма.
Komunikat PZPN ws. Macieja Rybusa
— PZPN (@pzpn_pl) June 20, 2022