Лондонската полиција објави дека започнала истрага за инцидентот кој се случи на натпреварот помеѓу Тотенхем и Арсенал, кога фудбалерот на гостинскиот тим, Деле Али беше погоден со пластично шише.
Тотенхем во четвртфиналето од Лига Купот славеше со резултат од 2:0 на „Емирати“, а Али беше погоден во 73. минута, во моментот кога изведуваше аут. Полицијата ден подоцна објави дека работи со Арсенал за идентификување на личноста која е одговорна за инцидентот. „Топчиите“ за „BBC“ потврдија дека ќе ги прегледаат снимките од сигурносните камери за да откријат кој фрлил шише, но за сега никој не е уапсен.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Фудбалската асоцијата на Англија, од друга страна истакна дека знае за инцидентот и дека ќе им даде поддршка на клубот и полциијата во истрагата.