Дома Фудбал Останато Полемика во спортскиот свет: Има ли афричката сензација 17 години? (ФОТО+ВИДЕО)

Полемика во спортскиот свет: Има ли афричката сензација 17 години? (ФОТО+ВИДЕО)

Кенискиот атлетичар Едвард Закајо Пингуо победи на трката на 5.000 метри која се одржа неодамна митингот во Дијамантската лига во Рабат, но од моментот кога се појави пред ТВ екраните трае полемиката за неговата возраст – има ли на вистина 17 години?

Пингуо убедливо ја освои првата позиција пред поголем број постари колеги, иако малкумина се оние кои веруваат дека оваа афричка сензација има 17 години.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Кениецот официјално е роден на 25-ти ноември 2001, а од неговиот клуб Бенфика и од Олимпискиот кометот на државата тврдат дека податоците се точни.

Пингуо во 2017 година беше втор на Светското првенство за натпреварувачи од 18 години, а во 2018 победи на шампионатот до 20 години, истата година славеше и на шампионатот во Африка во сениорска конкуренција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ќе се обиде ли Ливерпул во последен момент да ги расипе плановите на Манчестер Сити?

Манчестер Сити активно работи на трансферот на Антоан Семењо, кој ќе се обиде да го финали…