Дома Фудбал Италија Полека преминува во легенда: Кристиано Роналдо одбележа 1.000 одиграни натпревари во кариерата

Полека преминува во легенда: Кристиано Роналдо одбележа 1.000 одиграни натпревари во кариерата

Славната фудбалска и шоубизнис ѕвезда Кристиано Роналдо, кој моментално го носи дресот на Јувентус, синоќа против Интер го одигра 1.000-от натпревар во својата кариера.

Португалецот зад себе има импресивни бројки. Тој постигна 725 голови и 253 асистенции, настапувајќи за Спортинг, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид, Јувентус и португалската репрезентација.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Роналдо има пет златни топки. Во 2016 година го освои Европското првенство со репрезентацијата на Португалија. Има пет титули од Лигата на шампионите и е најдобриот стрелец во историјата на елитното натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јирген Клоп нема откупна клаузула, појасни неговиот работодавач

Дали Јирген Клоп може лесно да се врати како менаџер на некој клуб? Пред некое време се зб…