Дома Фудбал Останато Покетино: ПСЖ е во состојба да му даде СЕ на Мбапе

Покетино: ПСЖ е во состојба да му даде СЕ на Мбапе

Иднината на Килијан Мбапе е главна тема во спортските медиуми и шпекулациите за неговата иднина не престануваат.

ПСЖ сака да го задржи во своите редови, но Мбапе се уште не ставил потпис на нов договор и на лето ќе влезе во последната година од договорот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


И самиот Мбапе неодамна изјави дека се уште не донел конечна одлука за иднината, а европските гиганти веќе работат на негов трансфер.

Тренерот на „светците“, Маурисио Покетино верува дека Мбапе наскоро ќе потпише нов договор и ќе остане во ПСЖ.

„Килијан е топ фудбалер и голем потенцијал. Тој е млад и може уште многу да се развува, па има огромен потенцијал. ПСЖ е во состојба да му даде СЕ, за да го направи среќен. Клубот треба да му го даде тоа што го сака и сметам дека прашањето на неговата иднина ќе биде решено наскоро“, изјави Покетино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Aнглискиот напаѓач по бурната расправија се смирил со својата девојка, за раскинот го обвини – алкохолот!

Англискиот напаѓач Енди Керол изјави пред британските медиуми дека се смирил со својата де…