Дома Фудбал Останато Покетино повторно ја објасни замената на Меси

Покетино повторно ја објасни замената на Меси

Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино уште еднаш ја објасни причината зошто го заменил Меси на дуелот со Лион.

Покетино одлучи да го извади од игра Меси во 76-та минута, но Аргентинецот се налути и не се поздрави со тренерот.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Таа реакција крена голема прашина во медиумите, а Покетино објасни дека го извадил од игра бидејќи добил удар во левото колено.

„Клубот веќе објави за повредата на Меси, па сега се е јасно. Забележав дека тој го гледа коленото, а потоа доби удар во истото колено, па решив да го извадам од игра“.

„Задоволни сме од начинот на кој играше, му недостигаше само гол. Сите големи шампиони сакаат постојано да бидат на терен, па ја разбирам неговата реакција“, објасни Покетино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Јувентус го продолжи истекувачкиот договор на Меккени

Од Јувентус официјално го обновија договорот на својот играч Вестон Меккени. Досегашниот д…