Тренерот на Пари Сент Жермен, Маурисио Покетино може да се врати во Тотенхем, пренесуваат медиумите на Островот.
Според „Сан“ Аргентинецот не е среќен во Париз и сериозно размислува за враќање во Премиер лигата.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви ја призна грешката и ќе се обиде да го убеди Покетино да се врати на кормилото на „спарси“.
Покетино има договор со ПСЖ до јуни 2022 година, но веќе го известил раководството дека сака да го напушти клубот.
Тој имал телефонски разговор со Леви и е спремен да се врати во Тотенхем, но последниот збор ќе го има ПСЖ, кој за сега не сака да го ослободи аргентинскиот тренер.