Дома Фудбал Англија Покетино: Кејн може во Реал, но под еден услов

Покетино: Кејн може во Реал, но под еден услов

Менаџерот на Тотенхем, Маурицио Покетино ги прокоментира гласините околу можен трансфер на Хари Кејн во Реал Мадрид.

Напаѓачот неколку време се поврзува со трансфер во мадридскиот клуб, но Тотенхем нема намера да го продаде освен доколку Кејн не инсистира на трансфер како порано Бејл и Модрич.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


„Како одговорен субјект во Тотенхем би рекол дека несакаме да го продадеме. Кејн ќе остане овде и тоа сите мора да го сфатат.“ – изјави Покетино и додаде дека трансфер е можен само под еден услов:

„Ако играчот сам побара да си замине како што беше случај со Модрич и Бејл, тогаш ќе видиме што ќе се случи. Се надевам дека Кејн ќе остане овде уште многу години и ќе донесе многу голови, победи и титули. Тоа е она што ние го сакаме. “

Кејн со Тотенхем има договор до лето 2022. година, а во случај на трансфер, неговата цена би можела да стигне над 200. милиони евра.

Оваа сезона Кејн во Премиер лигата постигна 18 погодоци во 20 одиграни натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал го сака дефанзивецот на Челзи

Реал Мадрид е силно заинтересиран во своите редови да го доведе дефанзивецот на Челзи, Рис…