
Tренерот на Челзи, Маурисио Покетино беше прилично изненаден од веста дека Јирген Клоп ќе го напушти Ливерпул на крајот од сезоната.
По тој повод искусниот стратег имаше убави зборови за германскиот стратег на прес-конференцијата по натпреварот помеѓу Челзи и Астон Вила во ФА Купот.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
„Веќе ни недостасува. Бев шокиран кога ја видов таа вест. Кога добив отказ во Тотенхем, се сеќавам дека првата порака за поддршка ми пристигна токму од Клоп. Мораме да ја почитуваме неговата одлука. Секако сакам да искажам и почит бидејќи на неверојатен начин го водеше Ливерпул“, изјави Покетини.
Ќе потсетиме, Челзи и Астон Вила ремизираа 0:0 во првиот натпревар од четвртфиналето во ФА Купот кој се играше во Лондон.