Маурисио Покетино најверојатно ќе биде нов менаџер на Челзи, а Аргентинецот ќе добие одврзани раце да направи тим по своја мерка.
Англиските медиуми пренесуваат дека најголема желба на Покетино е неговиот сонародник Пауло Дибала, кој има одлична сезона во Рома.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дибала има договор со Рома до 2025 година, но и клаузула од 12 милиони евра доколку „волчицата“ не игра во Лигата на шампиони.
Дибала вети дека ќе остане во Рома ако клубот обезбеди учество во Лигата на шампиони, а тоа може да се случи само ако „волчицата“ победи во финалето и ја освои Лига Европа.