Маурицио Покетино неодамна седна на кормилото на САД, а сега даде изјава која изненади многумина во светот на фудбалот.
Покетино потпиша договор до 31 јули 2026 година, односно до крајот на следното Светско првенство.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега изненади многумина со изјавата дека САД по негово водство на СП 2026 ќе ја нападнат светската титула.
„Мора да веруваме дека може да триумфираме, дека ќе го освоиме Светското првенство. Сакаме играчите да излезат на терен од првиот дел со големи амбиции. За мене вербата е најмоќното оружје. Можеш да имаш талент, но мораш да веруваш и дека се е можно. Само така можеме да дојдеме до целта. Многумина мислат дека немаме време за такво нешто, но јас мислам дека е можно“,изјави Покетино.