Дома Фудбал Останато Познат фаворитот за наследник на Мурињо во Тотенхем

Познат фаворитот за наследник на Мурињо во Тотенхем

Жозе Мурињо никако не успева да го врати Тотенхем на победничките патеки.

„Петлите“ во овој момент се дури деветти тим на табелата и формата им е катастрофална. На последните пет натпревари во Премиер лигата Тотенхем има дури четири порази. Англиските медиуми веќе пишуваат дека Тотенхем наскоро ќе му врачи отказ.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Според последните информации главен кандидат да го наследи Мурињо е Јулијан Нагелсман од Лајпциг. Минатиот месец Нагелсман го одби Челзи откако Лампард беше отпуштен, се поврзуваше и со Реал минатото лето.

Се шпекулира дека негова цел е да ја заврши сезоната со Лајпциг, а потоа ќе размислува за новиот клуб.

Меѓутоа ако Тотенхем се реши и дефинитивно да го менува Мурињо и му испрати добра финансиска понуда тогаш работите може да се променат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тажна вест: Почина еден од најславните аргентински голман

Легендарниот аргентински голман Уго Гати почина на 80-годишна возраст, само неколку месеци…