Дома Фудбал Познат терминот на првото Ел Класико во сезоната

Познат терминот на првото Ел Класико во сезоната

Првото Ел Класико во новата сезона на Ла Лига, дуелот помеѓу Барса и Реал доби официјален термин.

Претседтелот на Ла Лига, Хавиер Тебас синоќа објави дека Барселона на Камп Ноу ќе го пречека Реал Мадрид на 28. октомври и тоа во терминот од 16:15 часот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Овој попладневен термин е избран поради гледачите ширум светот кои се фанови на најголемите шпански клубови и на повеќето вечерниот термин не им одговара.

Па така, после две години Барса и Реал повторно ќе играат во терминот од 16:15, исто како што беше случај на 3. декември 2016. година.

Тогаш исто така Барса беше домакин, а натпреварот заврши со резултат 1:1. Головите ги постигнаа Луис Суарез и Серхио Рамос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Левандовски е минато: „Машината“ од Косово станува нова „деветка“ на Барселона!

Се чини дека Барселона ја најде замената за Роберт Левандовски. Тоа е напаѓачот на Хофенха…