Дома Македонски спорт Мак фудбал Познат распоредот на Македонија во Лига на нации

Познат распоредот на Македонија во Лига на нации

Македонската фудбалска репрезентација вчера ги дозна противниците во Лигата на нации, а сега е познат и распоредот на натпреварите.

Натпреварувањето го почнуваме против Бугарија на гостински терен, на 2 јуни, а до крајот на месецот се играат уште три натпревари. По гостување кај нашиот сосед, ќе играме и кај Гибралтар, по што дома ги пречекуваме Грузија и Гибралтар.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Лигата на нации завршува во септември 2022 година, кога се играат последните два натпревари. Најпрво ќе гостуваме кај Грузија, а во последното коло се игра мечот против Бугарија во Скопје.

Распоред:

2 јуни 2022. Бугарија – Македонија

5 јуни 2022. Гибралтар – Македонија

9 јуни 2022. Македонија – Грузија

12 јуни 2022. Македонија – Гибралтар

23 септември 2022. Грузија – Македонија

26 септември 2022. Македонија – Бугарија

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…