Дома Македонски спорт Познат датумот и сите детали: Охридскиот маратон со осум пливачи и награден фонд од 10.000 долари

Познат датумот и сите детали: Охридскиот маратон со осум пливачи и награден фонд од 10.000 долари

Големо внимание оваа година привлече ситуацијата околу Охридскиот маратон. Откако прво беше објавено дека маратонот нема да се одржи, реагираше Агенцијата за Млади и Спорт и општината кои направија се за маратонот да се одржи.

На денешната прес-конференција се објавија и детали за настанот. Маратонот ќе се плива на 10. Септември на патеката „Климе Савин“ долга 25 километри.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Во краток временски период тешко беше да се донесат поголем број пливачи, па така ќе настапат осум од пет земји. Наградниот фонд ќе биде 10.000 долари.

„И претходно најавивме дека е тешко во еден краток период да се организира ваква манифестација од висок ранг, сепак годинава успеавме. Најважно е што ќе ја зачуваме традицијата. Навистина тешко беше да се донесат поголем број пливачи кога веќе тие не можат да си ја нарушат претходно подготвената програма“.

„Среќни сме што ќе има маратон и што како општина добивме голема поддршка од локални и државни компании. Ова нека биде и порака никогаш во иднина да не се доведе во прашање одржувањето на маратонот“, порача градоначалникот Кирил Пецаков на денешната прес-конференција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…