Дома Македонски спорт Познато на кое место Македонија ќе го заврши Европското првенство

Познато на кое место Македонија ќе го заврши Европското првенство

Најдобрата македонска ракометна репрезентација го заврши настапот на Европското првенство 2024 во Германија со учинок од два порази и една победа.

Во групата „А“ од прелиминарната фаза избраниците на селекторот Кирил Лазаров загубија од Франција (39:29) и домаќинот Германија (34:25), а триумфираа над Швајцарија (29:27).

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Неофицијално, Македонија го освои 17 место што не е наш најслаб пласман на континенталните шампионати.

Најслаби бевме на минатото ЕП пред две години кога завршивме на 22 позиција, а на ЕП 2020 бевме на 15 место.

Изненадувачки Шпанија не ја помина прелиминарната фаза и го завршува шампионатот во Германија на 13 место. Редоследно следуваат Црна Гора, Чешка, Полска, а зад нас се Грузија, Србија, Фарски Острови, Швајцарија, Романија, Грција, а последна на 24 позиција завршува Босна и Херцеговина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…