Динамо Загреб и официјално ја потврди разделбата со тренерот Сергеј Јакировиќ по дебаклот кој го доживеа хрватскиот гигант и поразот од 9:2 од Баерн Минхен.
Раководството на „модрите“ разгледува неколку опции за можен нов тренер, а за викендот против Славен Белупо тимот ќе го води Сандро Перковиќ. Тој ќе остане на клупата до пронаоѓањето на конечно решение.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во играчката кариера Перковиќ го носеше дресот на Металац Сисак, австриските Гроспетерсдорф, Илцер и Нестелбах и Шегеста, додека кариерата како тренер ја започна во 2013 година.
На кормилото на првиот тим ќе биде прекомандуван од младинските категории. Претходно главвен тренер беше во Акритас Клоракас и Рига од Кипар.