Дома Македонски спорт Познато колку ќе заработи Абердин од трансферот на Миовски

Познато колку ќе заработи Абердин од трансферот на Миовски

Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски вчера емотивно се збогуваше со навивачите на Абердин и само прашање е на време кога ќе се официјализира неговиот трансфер во Жирона.

Најавите се дека тоа ќе се случи во текот на оваа недела. Абердин како оштета за Миовски ќе добие сума од осум милиони евра и тоа за нив е одлична зделка ако се знае за колку го доведоа.

Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓


Абердин го купи Миовски од МТК за 650.000 евра и тоа значи дека за 24 месеци во клубот на него ќе заработи 12 пати повеќе.

Првото коло во шпанското првенство на програмата е за викендот, а Жирона в четврток ќе се соочи со Бетис. Засега не се знае дали Миовски ќе го комплетира трансферот и ќе биде спремен за тој дуел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Реал сепак ќе му плати на Ливерпул за Трент

Сега е јасно дека Трент Александер-Арнолд од лето ќе биде играч на Реал Мадрид. Десниот бе…