Дома Трансфер зона Познато колку понудила Барселона за Брозовиќ

Познато колку понудила Барселона за Брозовиќ

Продолжува сагата околу заминувањето на Марсело Брозовиќ од Интер, Барселона е во трка со Ал Наср кој изгледаше дека е поблиску до неговиот потпис.

Каталонскиот „Спорт“ пренесува дека понудата која ја испратила Барселона била во износ од 15 милиони евра. Тоа е понуда која е за три милиони евра помала од онаа на Ал Наср, додека се шпекулираше дека Интер сака да добие помеѓу 20 и 25 милиони евра.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Се обидуваше Барселона да го вклучи и Франк Кеси за да ја намали цената, но таа опција пропадна.

Италијанските медиуми пишуваат дека Брозовиќ повеќе сака трансфер во Барселона отколку во Ал Наср, но неговите агенти го убедуваат да оди во Саудиска Арабија поради големата плата и бонусот за потпис на договорот. Познатиот Николо Шира објави дека Ал Наср му нуди договор на три години вреден околу 60 милиони евра.

Во медиумите исто така се пишуваше дека Брозовиќ сака побрзо да се реши работата, па веројатно нема се да трае предолго.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…