Дома Фудбал Англија Познато колку време ќе паузира Лукаку

Познато колку време ќе паузира Лукаку

Напаѓачот на Челзи, Ромелу Лукаку може да биде надвор од терените еден месец поради повреда на глуждот, со која се здоби на мечот против Малме во Лигата на шампиони.

Уште после мечот Томас Тухел откри дека Лукаку ќе пропушти неколку меча, а денес медиумите на Островот пренесуваат дека рехабилитацијата ќе трае околу 4 недели.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Добрата вест за „сините“ е што според програмата следните пет меча не се со толку тешки ривали. Челзи во следниот период ќе игра со Норвич, Саутемптон, Њукасл, Малме и Барнли.

Се очекува Лукаку да биде спремен за натпреварот со Јувентус во Лигата на шампиони кој е на програмата на 23 ноември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Јунајтед подготвува прво засилување за Керик

Манчестер Јунајтед многу брзо би можел да го реализира првиот трансфер по промените на клу…