Дома Фудбал Лига на шампиони Познато кога ќе играат АЕК и Динамо, ако хрватскиот гигант остане во Европа

Познато кога ќе играат АЕК и Динамо, ако хрватскиот гигант остане во Европа

Динамо во Атина вечерва требаше да игра натпревар против АЕК во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите, но натпреварот беше одложен по големите нереди во кои 29-годишен навивач на АЕК го загуби животот.

Се чека казната која сигурно ќе ја добие Динамо, некои медиуми шпекулкираа и за можно исфрлање на Динамо од Европа. Сепак, тоа е помалку веројатна опција.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Ако Динамо не биде исфрлен од Европа се најавува и можниот датум за натпреварот. Според најавите домаќинството ќе биде заменето и Динамо ќе биде домаќин на 15-ти август, тоа беше планирано да биде реванш дуел, но сега ќе биде прв натпревар.

Денешниот одложен дуел би можел да биде одигра три или четири дена подоцна. Ќе потсетиме, подобриот од овој двомеч ќе оди на Антверпен и тие натпревари се играат на 22-ри и 30-ти август.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…