Џуд Белингам следната недела ќе стане играч на Реал Мадрид, објави „Марка“.
Играчот за врска на Борусија Дортмунд и англиската репрезентација пристигнува на „Бернабеу“ како една од најголемите млади ѕвезди. Трансферот според најавите би требало да вреди 100 милиони евра.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Марка“ откри дека претставници на Реал биле во посетан а Дортмунд за да го завршат трансферот кој се најавуваше подолго време. Белингам се обидуваа да го доведат и други клубови, но на крајот Реал Мадрид излезе како победник во трката.
Шпанците тврдат дека Белингам имал и подобри финансиски понуди, но неговата желба била Реал Мадрид. Договорот кој ќе го потпише Белингам со „кралевите“ ќе биде во важност од шест години.
Најскап играч во историјата на Реал е Еден Азар (115 милиони евра), втор е Герет Бејл (101 милион евра), а трет Кристијано Роналдо (94 милиони евра), па така Белингам ќе се искачи на второто место.
Кариерата англискиот репрезентативец ја започна во Бирмингем, Борусија го купи во 2020 година кога имаше 16 години и од тогаш за германскиот клуб одигра 132 натпревари, постигна 24 гола и додаде 25 асистенции.