Лионел Меси вчера ја доби наградата од ФИФА „Тhe Best“, нешто што и се очекуваше, додека селекторот на Аргентина, Скалони беше прогласен за тренер на годината.
По завршувањето на церемонијата беа објавени и гласовите капитените и селекторите на репрезентациите.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
Македонскиот селектор Благоја Милевски на врвот го ставил Меси, потоа Мбапе, па Бензема, додека во изборот за селектор гласал за Скалони, Дешан, па Анчелоти.
Слично гласал и капитенот Ристовски, па така тој Меси го ставил на врвот, втор го смести Модриќ, па потоа Мбапе. Во тренерска конкуренција прв го избра Скалони, па Анчелоти и Гвардиола.