Дома Македонски спорт Мак баскет Познато зошто Бајиќ не го пуштиле во Косово – го замениле со криминалец во бегство!

Познато зошто Бајиќ не го пуштиле во Косово – го замениле со криминалец во бегство!

Репрезентацијата на Македонија се соочува со проблеми пред гостувањето во Грузија, а еден од проблемите е и што селекторот Драган Бајиќ остана во Скопје и нема да биде на клупата.

Бајиќ доби позитивен тест на коронавирусот пред тргнувањето, но неговите проблеми започнаа и претходно. Имено, на македонскиот селектор не му беше дозволено да влезе во Косово, а тој самиот изјави дека не знае за што станува збор. Кошаркарите патуваа преку Приштина до Истанбул од каде што беше летот за Тбилиси, а за Бајиќ требаше да се бара алтернативо решение.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Сепак, на крајот доби позитивен тест и никако не беше во можност да патува. Порталот „Српскаинфо“ објави зошто настанал проблемот и зошто Бајиќ не бил пуштен на граница.

Имено, тие го замениле со друг Драган Бајиќ кој се бара од интерпол за повеќекратни уб*ства. Чудно е како може да се случи една ваква грешка во денешно време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…